Излези за љубов
Скопје Прајд 2022 ќе се одржи на 25 јуни, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија
Play Video
Тука сме, горди сме
Втората парада на гордоста во Скопје (Скопје Прајд 2021) помина во весела атмосфера, без инциденти и со посетеност од преку две илјади луѓе меѓу кои, во знак на поддршка, маршираа претседателот на државата, министри од владата, политичари, претставници на дипломатскиот кор и други.
Протестниот марш низ скопските улици се заокружи со забавна програма на Школка во Градскиот парк, која ги славеше различностите и љубовта. Погледнете како изгледаше тоа низ објективот на камерите.
За парадата на гордоста
Skopje Pride
На 25 јуни 2022 година, во сабота, ќе се одржи третата по ред Парада на гордоста во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТ+ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество. Се гледаме на Прајд!

Најнови написи
Поддржувачи













