Премини на содржината

Осврт на Скопје Прајд 2024

Јубилејната Парада на гордоста ја одбележаа силните пораки и барања за еднаквост, достоинство и љубов, кои се однесуваа на безбедноста и автентичноста, учество во општествениот и политичкиот живот без дискриминација. ЛГБТИ+ заедницата апелираше за образовен систем кој учи на прифаќање на разликите и промовира социјална кохезија наместо исклучување, упати барање до Собранието на Република Северна Македонија да го усвои законот за матичната евиденција со вклучен модел за правно признавање на родот заснован на самоопределување, како и барање здравствениот систем да се прилагоди на различните групи граѓани.

Она што беше карактеристично за јубилејната Парада на гордоста е што наспроти засилените антиродови движења и нивната пропаганда, се зголеми поддршката и соработката, се изгради сојузништво со луѓе, заедници, движења што ја поддржуваат и охрабруваат заедницата да се застапува себе за менување на правниот систем. Парадата на гордоста се отвори како платформа и за многу други каузи и групи што сакаа да ја пренесат својата порака, да бидат повидливи и препознаени со своите обележја. Симболично, пет години по ред Парадата на гордоста преставува и коректив на сѐ она што политичките структури го ветиле, а не го исполниле.

Поддршка на годинешниот „Скопје Прајд“ дадоа Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, Советот на Европа, Делегацијата на ЕУ во РСМ, Стокхолм Прајд, Амбасадата на Франција во Скопје, Кин енд Карта – Северна Македонија и Брејнстер за изработката на визуелниот идентитет, а особено нивниот студент Имер Салиу.

Исто така, Парадата на гордоста им оддаде почит своите долгогодишни пријатели и поддржувачи, како прерано заминатиот музичар Мирко Попов.

Организациониот одбор на Скопје Прајд им благодари на сите граѓанки и граѓани коишто со лично присуство придонесоа да се направи уште еден чекор напред кон заедништво и солидарност. Најголеми пофалби упатуваме до волонтерите, кои безрезервно се вложија во организацијата на Прајдот и на промотивните настани што му претходеа. Изразуваме благодарност и до Министерството за внатрешни работи на РСМ, чии припадници и годинава беа на висина на задачата и професионално го обезбедуваа Прајдот, како и до Министерството за одбрана на РСМ, кое ни овозможи да го користиме армискиот стадион за забавниот дел од програмата.

е-Билтен

Регистрирајте се на нашата мејлинг листа за да бидете во тек со новините и активностите

Забелешка: На вашата е-пошта ќе стигне порака од нас со линк на кој треба да кликнете за да ја комплетирате регистрацијата.

Апликација за волонтер

За почеток, претставете ни се.
Како можеме да ве контактираме?
Кои се вашите вештини и интереси?