За веб-сајтот

на веб-сајтот

Правила за користење

Добредојдовте на веб-сајтот на Скопје Прајд – ЛГБТ+ парада на гордоста во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (во понатамошниот текст: Скопје Прајд). Со прелистувањето и користењето на овој веб-сајт, вие се согласувате на почитување и подлежите на нашите правила за користење на веб-сајтот, кои заедно со нашата политика за приватност ја дефинираат релацијата на Скопје Прајд со вас во врска со овој веб-сајт.

Терминот Скопје или „ние” или „нас” се однесува на сопствениците на овој веб-сајт. Терминот „вие” се однесува на корисникот или посетителот на нашиот веб-сајт. Користењето на овој веб-сајт е условено со следните правила за користење:

  • Содржините на страниците на овој веб-сајт се наменети само за ваше лично информирање и користење. Содржините може да се менуваат без претходна напомена.
  • Ниту ние, ниту која било трета страна можеме да дадеме потполна гаранција за редовноста, навременоста, точноста, ефикасноста или комплетноста на информациите и материјалите што се содржани на овој веб-сајт за која било намена. Со самото користење на веб-сајтот, станувате свесни за можните неточности или отстапувањата од некои содржини за кои, според законот, до одреден степен, не преземаме одговорност.
  • Користењето на кои било информации или материјали од оваа веб-страница е на ваш сопствен ризик за кој не преземаме никаква одговорност. Ваша должност е да се осигурате, претходно, дали содржините што сте ги нашле се токму тие што ви требаат.
  • Овој веб-сајт содржи материјали што се под наша надлежност или во наша сопственост. Материјалите може да ги вклучуваат графичкиот дизајн, формата, изгледот и графичките елементи (банери, фотографии и друго), но оваа листа на содржини не е исцрпна. Секое нивно копирање е забрането освен во согласност со белешката за авторски права која е составен дел од овие правила за користење.
  • Сите брендови што не се во наша сопственост или под лиценца на некој друг оператор се соодветно цитирани на нашата веб-страница.
  • Неавторизираното користење или злоупотреба на овој веб-сајт (хакирање, спамирање и слично) може да резултира со покренување постапка пред надлежните органи, во согласност со постоечките законски прописи во Република Северна Македонија, за соодветен надомест за предизвиканите штети и/или ќе се смета за криминален прекршок.
  • Повремено овој веб-сајт може да содржи и информации или пренасочувања кон други веб-сајтови. Овие пренасочувања ви се ставени на располагање за да ви обезбедат дополнителни информации. Нивното присуство не значи дека стоиме зад ставовите на веб-сајтовите. Скопје Прајд не презема никаква одговорност за содржините на линкуваните веб-сајтови.

Политика за приватност

Приватноста на корисниците е од исклучителна важност за Скопје Прајд. Овој документ ја утврдува политиката за приватност и приватните информации што Скопје Прајд ги собира од корисниците при секое консултирање на веб-сајтот и оние што ги споделувате со нас доброволно.

ЛОГОВИ

Како и многу други веб-сајтови, Скопје Прајд користи логови за следење на интернет-сообраќајот. Логовите се бази на податоци што содржат информации како IP-адресата, веб-прелистувачот, интернет провајдерот, времето на вчитување, документите консултирани од страна на веб-прелистувачот, влезната и излезната страница, како и некои демографски податоци. IP-адресата како и некои други податоци во никој случај не се поврзуваат со други информации кои би можеле да го откријат идентитетот на корисникот.

КОЛАЧИЊА И „WEB BEACONS“ (ВЕБ-ТРАКЕРИ)

Скопје Прајд користи колачиња за да ги запамти корисничките параметри, за да ги следи најчесто посетуваните страници од страна на корисникот и за да го прилагоди веб-сајтот врз база на веб-прелистувачот на посетителот или други информации кои посетителот ги испраќа преку неговиот веб-прелистувач.

КОЛАЧИЊА ОД ДРУГИ ПЛАТФОРМИ И ВЕБ-САЈТОВИ

При објавувањето содржини, понекогаш прикачуваме фотографии и видеа од веб-сајтови како што се YouTube, Vimeo и Flickr. Како резултат на тоа, кога ќе посетите делови од веб-сајтот со содржини од надворешни страници, како што се YouTube, Vimeo и Flickr, изложени сте на колачињата од истите. Ние немаме контрола над надворешните колачиња.

КОЛАЧИЊА ОД АЛАТКИТЕ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ СОДРЖИНИ

Ве молиме, имајте предвид дека голем број од нашите страници ја содржат опцијата „сподели“ со цел да им се овозможи на корисниците полесно да споделуваат статии со нивните пријатели на социјалните мрежи. Социјалните мрежи, исто така, може да содржат колачиња кога сте пријавени на истите. Ние немаме контрола над нивните колачиња и ве молиме да ги проверите надворешните веб-сајтови за да дознаете повеќе за тоа како тие ги користат колачињата.

GOOGLE ANALYTICS КОЛАЧИЊА

Го користиме Google Analytics, кој е сервис на компанијата Google, Inc. за анализирање на посетеноста на веб-сајтовите, за да го утврдиме бројот на посетители на нашиот веб-сајт и да спроведеме анализа како тие се служат со веб-сајтот, со цел да одредиме како нашите корисници ни ги вреднуваат содржините. За повеќе информации во врска со овие колачиња кликнете овде.

МЕЈЛИНГ ЛИСТА

Регистрација на нашата мејлинг листа

Скопје Прајд користи разни надворешни платформи за потребите на нашите комуникации. На веб-сајтот имате можност да се регистрирате на нашата мејлинг листа за да добивате новости во врска со нашата работа. Ние користиме Mailchimp, надворешна платформа, за да ги искомуницираме новостите од нас со претплатниците на нашата мејлинг листа.

Кога се регистрирате на нашата мејлинг листа, од вас бараме да ја внесете вашата адреса на е-пошта. Опционално, можете да ги внесете вашето име и презиме. Вашите податоци се чуваат во рамките на надворешната платформа. Mailchimp има своја политика за безбедност и приватност.

Mailchimp користи следење на е-пораките. Следењето на е-пораките ни кажува кога сте ги отвориле и на кои линкови содржани во нив сте кликнале. Овие информации ги користиме за да ги подобриме нашите комуникации, а вклучуваат општи информации како стапка на читаност и стапка на кликови заради информирано планирање и известување за комуникациите.

Како ја заштитуваме вашата приватност

Ние сме посветени на почитувањето на вашата приватност. Вашите податоци може да се чуваат во рамките на надворешните платформи што ги користиме, вклучително Mailchimp. Сите овие платформи имаат објавено ажурирани политики за приватност што се во согласност со Општата регулатива за заштита на податоци.

Пристапот до овие платформи и до вашите податоци е стриктно ограничен на нашиот тим за комуникации.

Испишување од нашата мејлинг листа

Доколку во кое било време одлучите дека повеќе не сакате да добивате е-пораки од нас, можете да се испишете од нашата мејлинг листа. Во подножјето на нашите е-пораки ќе ви биде дадена опцијата за да се испишете. Кога ќе кликнете на оваа опција, ќе ја отстраниме вашата адреса на е-пошта од нашата мејлинг листа.

Формулар за контакт

На нашиот веб-сајт имате можност да нѐ контактирате преку формулар каде, покрај вашата порака до Скопје Прајд, ги внесувате следните податоци: вашето име и вашата е-пошта. Вашето име го прибираме за да се идентификувате пред нас (можете да користите и псевдоним), додека вашата е-пошта за да можеме да ви одговориме на вашата порака. Овие податоци се користат само за конкретната цел, со нив се постапува согласно Законот за заштита на личните податоци и не се споделуваат со трети лица. Овие податоци се складираат и чуваат на неопределено време.

Апликација за волонтер

При пополнувањето на апликацијата за волонтери на веб-сајтот на Скопје Прајд, вие доброволно ги давате следните податоци: име и презиме, град на живеење, е-пошта и телефон. Сите овие податоци се консултираат од нас само за конкретната цел, со нив се постапува согласно Законот за заштита на личните податоци и не се споделуваат со трети лица. Напред цитираните податоци ни се потребни заради остварување контакт и комуникација со вас за времетраењето на вашиот волонтерски ангажман во Скопје Прајд, како и заради идентификување од страна на организаторот на волонтерскиот ангажман на евентуална потреба од обезбедување на превоз и сместување за време на вашиот престој во Скопје при извршување на доделените работни обврски и задачи. Овие податоци се складираат и чуваат најмалку една година по датумот на реализација на годишната манифестација Скопје Прајд.

Кои права ги имате над вашите податоци

Имате право да побарате од страна на Скопје Прајд пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на вас, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците. Исто така, имате право да побарате повлекување на согласноста во секое време.

Ако сметате дека начинот на кој Скопје Прајд ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело.

Ограничување од одговорност

Информациите содржани на овој веб-сајт се од генерален информативен карактер. Тие се пуштаат во промет од Скопје Прајд со цел да се дојде до слободен пристап до информациите и до мислењата, без притоа да се гарантира нивната точност, целост и веродостојност, како и оние врз чиишто извори се базира содржината. Секое користење на информациите е на ризик на читателот.

Во ниеден случај нема да бидеме одговорни во случај на каква било загуба или штета, индиректна или последователна загуба или штета, или каква било загуба или штета настаната од губењето податоци или профити од, или во врска со, користењето на овој веб-сајт.

При користење на овој веб-сајт, можете да бидете насочени и кон други веб-сајтови чија содржина не е под контрола на Скопје Прајд. Скопје Прајд нема ниту директна ниту индиректна контрола врз природата, содржините или достапноста на овие веб-сајтови. Вклучувањето на какви било линкови не имплицира нужно препорака или поддршка на ставовите и мислењата изразени на нив.

Се прават сите напори за да се одржи достапноста и оперативноста на овој веб-сајт. Во секој случај, не преземаме одговорност, или нема да бидеме виновни, доколку веб-сајтот е привремено недостапен како резултат на технички проблеми надвор од наша контрола.

Авторски права

Оваа веб-страница е сопственост на Скопје Прајд. Сите права се задржани.

Секое копирање на дел или целосна репродукција на нашите содржини е забранета, освен во следниве случаи:

  • можете да ги печатите или да ги снимате на дискови нашите содржини само за лична употреба;
  • можете да ги копирате нашите содржини за лична употреба од трети лица само доколку го наведете веб-сајтот како извор на материјалите.

Во никој случај не смеете да ги копирате ниту да ги користите овие содржини без претходна пишана дозвола. Нивната репродукција е исто така забранета на веб-сајтови различни од Скопје Прајд како и други медиуми за електронска дифузија на информации.

Имаш прашање?

За сите евентуални прашања поврзани со користењето и приватноста на веб-сајтот, не двоумете се да го контактирате нашиот веб-администратор.