Премини на содржината

За нас

На парадата ја славиме на сите луѓе.

Skopje Pride

Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“, во сабота на 25 јуни 2022 година ќе се одржи третиот Скопје Прајд. За разлика од претходните изданија на Прајдот, годинава времето на одржување се поместува во попладневните часови. Стартната точка, како и досега, ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици и ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Зошто повикуваме да се излезе за љубов?

Затоа што во време на криза, војна и сиромаштија, лесно се заборава на љубовта, а омразата уште полесно ги окупира мислите и срцата на луѓето. Затоа што само со љубов можеме да се спротивставиме на насилството на кое различните се подложени и тогаш кога за сите други владее мирот. Затоа што никој не смее да биде лишен од правото да љуби или, пак, да биде прогонуван поради тоа што нивната љубов не е признаена со норми и закони. Затоа што љубовта мора да победи. Ете, затоа се гледаме на Прајд!

Зошто Паради на гордоста?

Многу нешта, во многу земји, се променија од првиот Прајд одржан 1970 година во Њујорк. Но, напредокот на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето не е изедначен, ниту пак е доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права. Токму затоа, Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството. Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати.

Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост.

Зошто бараме достоинство, еднаквост и правда?

Во нашата држава и натаму се гази по достоинството на ЛГБТ+ луѓето - постојано се мета на омаловажување, дехуманизирање и говор на омраза во јавниот и политичкиот дискурс. Имаат отежнат пристап до остварувањето на човековите права, нивните гласови и потреби често се занемарени во креирањето на политиките, а конзервативно скроената национална легислатива ги доведува во нееднаква подредена позиција наспроти нивните хетеросексуални цисродови сограѓани. Предметите за документираните злосторства од омраза кон нив се заглавени во умствените и правните лавиринти на обвинителството, а трендот на неказнивост на сторителите на насилство го нормализира и охрабрува таквото однесување. Правото на живот, слобода и сигурност, останува само копнеж и надеж на многумина од припадниците на ЛГБТ+ заедницата што не се вклопуваат во рамките на хетеронормативноста и бинарната логика на родовиот систем. Некои од нив сѐ уште се борат да бидат признаени како личност пред законот. Правдата ќе биде задоволена тогаш кога еднаквоста ќе стане реалност, а човековото достоинство - нормативен концепт.

Национална мрежа против хомофобија и трансфобија

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, основана 2014 г., е неформална мрежа на здруженија на граѓани и неформални групи кои здружено работат на унапредување на гарантирањето и уживањето на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија. Нашата визија е секое лице од ЛГБТИ заедницата во нашата земја да живее квалитетен и безбеден живот и целосно да ги ужива и остварува своите права. Во рамките на својата мисија, НМХТ работи кон создавање и одржување на безбедна, инклузивна и правична околина за ЛГБТИ заедницата преку здружена акција и координација, активно вклучување на членовите во заедницата, нивно зајакнување и застапување на правата.

Времеплов

Скопје Прајд 2021

Во услови на пандемија на COVID-19, под слоганот „Вон ѕидовите“, во Скопје се одржа втората Парада на гордоста...

Повеќе инфо26 јуни, 2021

Скопје Прајд 2020

Поради пандемијата на COVID-19, се одржа виртуелен Скопје Прајд со настани на интернет во текот на повеќе денови...

Повеќе инфо20-30 јуни, 2020

Скопје Прајд 2019

Одржана првата Парада на гордоста во Скопје, посетеноста ги надмина очекувањата на организаторите...

Повеќе инфо29 јуни, 2019

Што може да очекуваш?

Освен незаборавна прошетка низ скопските улици, Скопје Прајд за посетителите подготви богата забавна програма со музички настапи во живо, дрег кралици и ди-џеј сетови.

е-Билтен

Регистрирајте се на нашата мејлинг листа за да бидете во тек со новините и активностите

Забелешка: На вашата е-пошта ќе стигне порака од нас со линк на кој треба да кликнете за да ја комплетирате регистрацијата.

Апликација за волонтер

За почеток, претставете ни се.
Како можеме да ве контактираме?
Кои се вашите вештини и интереси?