Агенда на Прајдот
Скопје Прајд 2022 ќе се одржи на 25 јуни, сабота.
Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ). По кратки обраќања на активисти и претставници на институции, следува марш по скопските улици пропратен со DJ сетови (19:00 – 20:00). Скопје Прајд 2022 ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од земјата и од регионот и DJ сетови. Програмата на Стадионот на АРМ во Градски парк ќе почне во 20:30 и ќе трае до 01:00 часот, а водителка на програмата ќе биде актерката Наталија Теодосиева.
