Премини на содржината

За нас

На парадата ја славиме на сите луѓе.

Skopje Pride

Под мотото „Заедно ќе (оп)стоиме“, во сабота на 21 јуни 2025 година ќе се одржи шестиот Скопје Прајд. Почетната точка, како и досега, ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 18 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот ќе започне протестниот марш по скопските улици што ќе заврши пред зградата на Владата на РСМ на бул. „Илинден“.

Зошто да излезете на парадата?

Затоа што во време на криза, војна и сиромаштија, лесно се заборава на љубовта, а омразата уште полесно ги окупира мислите и срцата на луѓето. Затоа што само со љубов можеме да се спротивставиме на насилството на кое различните се подложени и тогаш кога за сите други владее мирот. Затоа што никој не смее да биде лишен од правото да љуби или, пак, да биде прогонуван поради тоа што нивната љубов не е признаена со норми и закони. Затоа што љубовта мора да победи. Ете, затоа се гледаме на Прајд!

Зошто Паради на гордоста?

Многу нешта, во многу земји, се променија од првиот Прајд одржан 1970 година во Њујорк. Но, напредокот на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето не е изедначен, ниту пак е доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права. Токму затоа, Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството. Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати.

Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост.

Skopje Pride

Под мотото „Заедно ќе (оп)стоиме“, во сабота на 21 јуни 2025 година ќе се одржи шестиот Скопје Прајд. Почетната точка, како и досега, ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 18 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот ќе започне протестниот марш по скопските улици што ќе заврши пред зградата на Владата на РСМ на бул. „Илинден“.​

Зошто да излезете на парадата?

Затоа што во време на криза, војна и сиромаштија, лесно се заборава на љубовта, а омразата уште полесно ги окупира мислите и срцата на луѓето. Затоа што само со љубов можеме да се спротивставиме на насилството на кое различните се подложени и тогаш кога за сите други владее мирот. Затоа што никој не смее да биде лишен од правото да љуби или, пак, да биде прогонуван поради тоа што нивната љубов не е признаена со норми и закони. Затоа што љубовта мора да победи. Ете, затоа се гледаме на Прајд!

Зошто Паради на гордоста?

Многу нешта, во многу земји, се променија од првиот Прајд одржан 1970 година во Њујорк. Но, напредокот на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето не е изедначен, ниту пак е доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права. Токму затоа, Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството. Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати.

Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост.

Зошто „Заедно ќе (оп)стоиме“?

Слоганот „Ќе (оп)стоиме заедно“ го одразува и отпорот и заедништвото како суштински стратегии за преживување во време на длабоки кризи. Во свет на војни, еко-колапс и институционално насилство, нашето опстојување е чин на пркос – непослушно, гласно и колективно. Стоиме заедно не за да се вклопиме во „нормалноста“, туку за да изградиме поинаков свет – радикално поправеден, послободен и похуман.

Национална мрежа против хомофобија и трансфобија

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, основана 2014 г., е неформална мрежа на здруженија на граѓани и неформални групи кои здружено работат на унапредување на гарантирањето и уживањето на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија. Нашата визија е секое лице од ЛГБТИ заедницата во нашата земја да живее квалитетен и безбеден живот и целосно да ги ужива и остварува своите права. Во рамките на својата мисија, НМХТ работи кон создавање и одржување на безбедна, инклузивна и правична околина за ЛГБТИ заедницата преку здружена акција и координација, активно вклучување на членовите во заедницата, нивно зајакнување и застапување на правата.

Времеплов

22 јуни, 2024

Скопје Прајд 2024

Пет години Скопје Прајд претставува коректив на сѐ она што политичките структури го ветиле, а не го исполниле...

Повеќе инфо
24 јуни, 2023

Скопје Прајд 2023

И четвртата скопска Парада на гордоста ја одбележаа силните и храбри пораки за еднаквост, достоинство и љубов. ...

Повеќе инфо
25 јуни, 2022

Скопје Прајд 2022

На третиот Скопје Прајд силно одекнаа пораките за љубов, еднаквост, достоинство и правда. ...

Повеќе инфо
26 јуни, 2021

Скопје Прајд 2021

Во услови на пандемија на COVID-19, под слоганот „Вон ѕидовите“, во Скопје се одржа втората Парада на гордоста...

Повеќе инфо
20-30 јуни, 2020

Скопје Прајд 2020

Поради пандемијата на COVID-19, се одржа виртуелен Скопје Прајд со настани на интернет во текот на повеќе денови...

Повеќе инфо
29 јуни, 2019

Скопје Прајд 2019

Одржана првата Парада на гордоста во Скопје, посетеноста ги надмина очекувањата на организаторите...

Повеќе инфо

Што може да очекуваш?

Оваа година, Скопје Прајд е целосно посветен на протестот. Нема да има сцена, ниту забава – само гласно и заедничко марширање против неправдата. Ќе (оп)стоиме заедно, за сите што се замолчени, избришани или нападнати. Зашто ова не е прослава – ова е отпор.

е-Билтен

Регистрирајте се на нашата мејлинг листа за да бидете во тек со новините и активностите

Забелешка: На вашата е-пошта ќе стигне порака од нас со линк на кој треба да кликнете за да ја комплетирате регистрацијата.

Апликација за волонтер

За почеток, претставете ни се.
Како можеме да ве контактираме?
Кои се вашите вештини и интереси?